- 46
- 2 788 255
Badnikovi Povorki
Приєднався 30 лис 2017
Бадникови поворки низ објективот на медиумите - прв дел
Во пресрет на Бадникови поворки 2024, мала ретроспектива на поворките низ објективот на медиумите. Секако ќе следуваат и продолженија, затоа што ова е само еден мал дел од поновата историја.
Македонските улици по градовите и селата сè уште свежо се сеќаваат на божиќните каланди кои се пееле под ова небо уште од средновековието.
Токму божиќните каланди се вистинскиот глас на Рождеството надвор од храмовите, а пак Бадниковите поворки кои ги преплавуваат улиците со детски насмевки се вистинската слика за Божиќ во Македонија.
Оваа година уште еднаш, веќе по 14 пат, во над 75 градови и села, и 5 во дијаспората, ќе одекнат детските гласови со стиховите: ,,Вечниот Бог слезе и во Дева се Всели!" и гласно ќе ја вознесат веста за Христовото Рождество испраќајќи порака за мир, љубов, сочувство, издигнувајќи го човека највисоко сè до Христовата логика.
Ќе здогледате деца како носејќи в рацете Божиќна пештера ги предводат поворките. Овие пештери, во различни краишта во Македонија различно се викале, на пример "вертеп" или "спилеон" се термини што често се среќаваат.
Денешното изобилие од достапни и лесно обработливи матерјали не нè ограничуваат при изработката на Божиќните пештери и ни даваат простор да бидеме уште покреативни. Па така процесот на изработката лесно можеме да го претвориме во една благородна, претпразнична, семејна тимска работа, подалеку од паметните телефони.
Некогаш овие пештери биле изработувани од даски, штици или кора од дрво и потоа внатре се положувала Икона од Рождеството, на крај биле украсувани со слама, трска, пердуви, итн. што подразбира дека се полагало многу повеќе време и труд во нив. Сепак она што е најважно дека и денес со подеднаква љубов и внимание се произведуваат овие божиќни јасли кој што можат да се купат и во манастир, црква. Дали направени или купени, сите ја имаат истата важност, да потсетат дека Христос се Раѓа. Зошто на Божиќ, Бог доаѓа на земјата, а човекот се искачува на небото.
За многу години!
Христос се Роди!

Переглядів: 1 089
Відео
Вечниот Бог - трета верзија со Антониа, Ламбе и Златно славејче
Переглядів 117 тис.Рік тому
Со најголема љубов и доверба, Ви го подаруваме спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ снимена јануари 2023 во режија на Дејан Пројковски, Горан Наумовски - директор на фотографија и Стојан Стојановски - камера и монтажа, а во изведба на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче. Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме свет...
Од снимањето на спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“, јануари 2023
Переглядів 1,9 тис.Рік тому
Снимањето на спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче - заврши! Пред да видите каква божикна приказна и трајна вредност ни создаде генијалното трио Дејан Пројковски - режисер, Горан Наумовски - директор на фотографија и Стојан Стојановски - камера и продукција, да погледнеме како работеа на терен и што изјавија дел од учесниците во прое...
Божикна серенада - Божикна православна песна на знаковен јазик
Переглядів 7 тис.Рік тому
Во соработка со Викторија Волак - сертифициран знаковен толкувач, трета година по ред, Здружението „Бадникови поворки“ им подарува божикна песна и божикна радост на глувите лица. Овој пат тоа е „Божикна серенада“- празнична песна што на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Изминатите две години, адаптирани за глувите лица беа и песните „...
Од снимањето на третата верзија на „Вечниот Бог“ - декември 2022
Переглядів 3,1 тис.Рік тому
Третата верзија на „Вечниот Бог" со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно Славејче - е снимена! Инструменти, вокали, хорче - мелодијата на најпопуларната божикна песна кај нас, со освежен аранжман, е комплетирана! Пред да Ви овозможиме да ја слушнете, ги споделуваме со Вас, впечатоците на дел од учесниците. Антониа Гиговска - вокалист, Бобан Јосифовски - директор на „Златно славејче“ и К...
Снимка од Божикен концерт во Кичево
Переглядів 4,1 тис.2 роки тому
На 6-ти јануари 2022 година, на Градскиот плоштад во Кичево, во Дебарско - кичевската епархија, возглавена од почитуваниот Митрополит г.Тимотеј, по желба и иницијатива на Игуменот на Бигорскиот манастир, Епископот Антаниски, г. Партениј, се одржа Божикен концерт на којшто хорот по византиско пеење при црквата „Св.Петар и Павле“, во придружба на традиционални инструменти, изведе четири каланди: ...
Божикна серенада - Лозано, Димитар, Пере, Стефан
Переглядів 166 тис.2 роки тому
Видео записот за ,,Божикна серенада" како шести по ред традиционален Божикен подарок од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки, е завршен и Ви го предаваме со најголема љубов. Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви! Христос се Роди! Екипата, којашто со благослов на Владиката Партениј го оствари овој голем духовно-културен проект, е составена од: режија - Дејан Пројковски, Го...
Од снимањето на спотот за „Божикна серенада“, декември 2021
Переглядів 2,3 тис.2 роки тому
Во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на 2S, деновиве во Битола се снима спотот за „Божикна серенада“. Денеска Ви овозможуваме кратко да ѕирнете што се случува таму, а за сликата да Ви биде комплетна, ќе се погрижат режисерот Дејан Пројковски, актерката Соња Михајловска и младата „гулабица“ Благица Пупуноска. „Овие неколку денови се обидовме да ја живееме серенадата преку една прекрасн...
Вечниот Бог - Божикна песна на знаковен јазик
Переглядів 28 тис.2 роки тому
Втора година по ред, Здружението „Бадникови поворки“ во соработка со Викторија Волак - сертифициран знаковен толкувач, на глувите лица им подарува Божикна песна. Овојпат тоа е „Вечниот Бог“ - една од најпопуларните Божикни каланди. Драги наши! Отсега „Вечниот Бог“ нека пее и во Вашите души и нека Ве потсетува дека Христос се роди за секој од нас. Да се радуваме и да го славиме Христа! За многу ...
Од снимањето на „Божикна серенада“ - декември 2021
Переглядів 3 тис.2 роки тому
🎼 БОЖИКНАТА СЕРЕНАДА Е СНИМЕНА 🌠 Никола Перевски - Пере, Влатко Лозаноски - Лозано, Стефан Филиповски и Димитар Андоновски се веселите коледари во новата, шеста по ред возобновена Божикна песна којашто раскажува за една млада девојка, наречна гулабица, која се успала за празничната Богослужба, па коледарите низ серенада ја будат, опоменуваат. ,,Не слушаш, гулабице моја? Дојдов во твојата маала,...
Симболична Бадникова поворка во Скопје
Переглядів 3,5 тис.3 роки тому
🙏 СИМБОЛИЧНА БАДНИКОВА ПОВОРКА ВО СКОПЈЕ Во знак на симболично одржување на традицијата за формирање бадникови поворки на радоста и свечена најава на Христовото Раѓање, денеска точно во 12 часот во Скопје, озвучено возило на Здружението, во придружба на полициски возила, ја помина традиционалната патека на движење на бадниковите поворки во Скопје, од Црквата Св.Димитриј до Соборниот храм. Овој ...
Љубојна - Христос се Раѓат, на светот Радост - Божикна песна
Переглядів 277 тис.3 роки тому
Традиционално, и овој Бадник, Здружението "Бадникови поворки" со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. На...
Небо и Земја - Божикна православна песна на знаковен јазик
Переглядів 98 тис.3 роки тому
💝 Подарок од Бадникови поворки за глувите лица. Почувствувајте ја радоста на ангелите и чудата што веќе 2020 години се раскажуваат... 💝„Небо и Земја“ е првата православна Божикна песна што добива толкување на знаковен јазик. 💝 Голема БЛАГОДАРНОСТ до Викторија Волак - сертифициран знаковен толкувач, за ова прво, но не и последно заедничко добро дело. 💝 И ете, уште една шанса, да упатиме БЛАГОДАР...
Со проф. д-р Владимир Јаневски за Мијаците и мијачката носија
Переглядів 1,5 тис.3 роки тому
Кои биле Мијаците? Зошто нивната мијачка носија е толку богата и посебна? Зошто се гордост македонска? Ни раскажува проф. д-р Владимир Јаневски - етнолог, и етнокореолог, еден од најголемите познавачи на традиционалната култура... Уживајте во научно-историскиот осврт!
Божикните песни отсега и на знаковен јазик
Переглядів 4853 роки тому
Уште еден ден, што ќе остане запишан во историјата! 📝Денеска, ЗА ПРВ ПАТ, една Божикна песна, добива свое толкување на знаковен јазик. 🙏 Бескрајно и' благодариме на Викторија Волак (сертифициран знаковен толкувач), што се вклучи во нашата мисија која што испраќа порака дека Божикната радост им припаѓа на сите! 🎥 За почеток на оваа наша соработка, а со цел да ги израдуваме глувите лица, денеска ...
Со Александар Костиќ за снимањето на Божикниот спот во Галичник
Переглядів 4373 роки тому
Со Александар Костиќ за снимањето на Божикниот спот во Галичник
Од снимањето на видео спотот за "ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!"
Переглядів 6 тис.3 роки тому
Од снимањето на видео спотот за "ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!"
ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ! (од снимањето во студио)
Переглядів 3,4 тис.3 роки тому
ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ! (од снимањето во студио)
Христос се роди денес - Божикна песна
Переглядів 127 тис.4 роки тому
Христос се роди денес - Божикна песна
За снимањето на видео спотот за „Христос се роди денес“...
Переглядів 8 тис.4 роки тому
За снимањето на видео спотот за „Христос се роди денес“...
Од возобновувањето на уште една божикна песна, „Христос се роди денес“...
Переглядів 10 тис.4 роки тому
Од возобновувањето на уште една божикна песна, „Христос се роди денес“...
Спомени од снимањето на првиот спот за „Вечниот Бог“ со Ламбе Алабаковски и деца од Битола и Охрид
Переглядів 1,4 тис.4 роки тому
Спомени од снимањето на првиот спот за „Вечниот Бог“ со Ламбе Алабаковски и деца од Битола и Охрид
Дали сме подготвени за НАЈСРЕЌНИОТ БОЖИК?
Переглядів 1,8 тис.5 років тому
Дали сме подготвени за НАЈСРЕЌНИОТ БОЖИК?
Од подготовките за Божикната претстава на 06.01.2019
Переглядів 1,3 тис.5 років тому
Од подготовките за Божикната претстава на 06.01.2019
Од снимањето на спотот за „Небо и земја“ - сцени со глумците и ансамбл „Македонија“
Переглядів 4,7 тис.5 років тому
Од снимањето на спотот за „Небо и земја“ - сцени со глумците и ансамбл „Македонија“
Од снимањето на спотот за „Небо и земја“ - декември 2018
Переглядів 19 тис.5 років тому
Од снимањето на спотот за „Небо и земја“ - декември 2018