Бадникови поворки низ објективот на медиумите - прв дел

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 21 гру 2024
  • Во пресрет на Бадникови поворки 2024, мала ретроспектива на поворките низ објективот на медиумите. Секако ќе следуваат и продолженија, затоа што ова е само еден мал дел од поновата историја.
    Македонските улици по градовите и селата сè уште свежо се сеќаваат на божиќните каланди кои се пееле под ова небо уште од средновековието.
    Токму божиќните каланди се вистинскиот глас на Рождеството надвор од храмовите, а пак Бадниковите поворки кои ги преплавуваат улиците со детски насмевки се вистинската слика за Божиќ во Македонија.
    Оваа година уште еднаш, веќе по 14 пат, во над 75 градови и села, и 5 во дијаспората, ќе одекнат детските гласови со стиховите: ,,Вечниот Бог слезе и во Дева се Всели!" и гласно ќе ја вознесат веста за Христовото Рождество испраќајќи порака за мир, љубов, сочувство, издигнувајќи го човека највисоко сè до Христовата логика.
    Ќе здогледате деца како носејќи в рацете Божиќна пештера ги предводат поворките. Овие пештери, во различни краишта во Македонија различно се викале, на пример "вертеп" или "спилеон" се термини што често се среќаваат.
    Денешното изобилие од достапни и лесно обработливи матерјали не нè ограничуваат при изработката на Божиќните пештери и ни даваат простор да бидеме уште покреативни. Па така процесот на изработката лесно можеме да го претвориме во една благородна, претпразнична, семејна тимска работа, подалеку од паметните телефони.
    Некогаш овие пештери биле изработувани од даски, штици или кора од дрво и потоа внатре се положувала Икона од Рождеството, на крај биле украсувани со слама, трска, пердуви, итн. што подразбира дека се полагало многу повеќе време и труд во нив. Сепак она што е најважно дека и денес со подеднаква љубов и внимание се произведуваат овие божиќни јасли кој што можат да се купат и во манастир, црква. Дали направени или купени, сите ја имаат истата важност, да потсетат дека Христос се Раѓа. Зошто на Божиќ, Бог доаѓа на земјата, а човекот се искачува на небото.
    За многу години!
    Христос се Роди!

КОМЕНТАРІ •