Со Александар Костиќ за снимањето на Божикниот спот во Галичник
Вставка
- Опубліковано 21 гру 2024
- Иако е крај на декември, во Галичник се чувствува раздвиженост како во минатото. Им благодариме на сите Галичани и г-динот Александар Костиќ - Претседател на месна заедница Галичник, за најтоплото гостопримство и соработка.
А што значи за Галичани возобновувањето на песната отпеана токму на мијачки дијалект, ни раскажува Алекандар Костиќ и вели:
Галичник деновиве го дава својот придонес во снимањето на Божикниот спот за "ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!", за песната отпеана на мијачки дијалект... Верувам дека Галичани ќе бидат среќни што се учесници во ова историско дело кое не' потсетува на славното минато на кое се гордееме. Иако е крај на декември, во Галичник се чувствува раздвиженост како во минатото. Ова ќе остане да сведочи за она што сме го имале, но ќе ни даде и поттик за повеќе труд, да го зачуваме и да го развиваме богатото културно наследство, за кое несомнено голем продонес имаат и Мијаците.