Дебели Гикови S02EP02 - Никола Кузмановски „Без содржини на мајчин јазик, нема мајчин јазик“
Вставка
- Опубліковано 16 лис 2024
- Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, гиковите рекоа дека е време малку да се стават стриповите на страна, и повеќе да се фатат книгите во рака. По тој повод, на гости Дебелите Гикови го имаа Никола Кузмановски, човекот кој стои зад севдонимот и проектот „Полиграматон“.
Со Никола, Дебелите Гикови навистина навлегоа во едни длабоки теми, и се разговараше првично за магичните и огромните светови на двајцата најпознати автори во светот - Толкин и Ловкрафт!
Кузмановски е еден од најголемите познавачи на делата на тие два автора, и по тој повод, самоволно пред некој период решава дека ќе прави преводи на македонски литературен јазик, на голем дел од нивните дела. До сега, Никола има направено превод на „Симарилион“ на Толкин, и има направено превод на првите две книги на Ловкрафт кои што исто така се издадени во физичка копија!
Оваа епизода е целосно посветена на фановите и љубителите на жанрот „фантазија“, но сепак е многу посветена на тие што го сакаат, почитуваат и негуваат македонскиот литературен јазик! Со Никола, што е исто така голем познавач на мајчиниот наш јазик, многу длабоко влеговме во разговори за тоа колку денес „не“ се почитува мајчиниот јазик, и колку младината користи англицизми бидејќи сметаат дека така се повеќе паметни.
Но дополнително, паднаа доста муабети и за Gunpla, за стрипови кои што исто така се преведени од страна на Никола, иии… Голем дел од епизодата беше посветен за новиот филм „Џокер 2: Лудило во Двојка“.
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на UA-cam Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!