ВЕБИНАР: Препознавање и соодветна реакција на сите видови насилство - примери на добри пракси (АЛБ)

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 17 гру 2024
  • #Едулаб #Вебинари #ПромоцијаНаБезбеднаУчилишнаСредина
    Вебинар МК: ua-cam.com/users/li...
    Пријава: link.innovatio...
    Квиз: forms.gle/ZrMT...
    #Наменето за: наставници и стручни соработници од основни и средни училишта
    #Датум: 17.12.2024 (вторник)
    #Време: од 18:00 до 19:30 часот
    #Работен јазик: Македонски јазик, со симултано толкување на албански јазик
    #Можности за сертификат: Сертификат за стекнати знаења
    #Учество: бесплатно, со задолжителна регистрација
    Почитувани,
    Особено задоволство ни е да ве поканиме на уште еден ЕдуЛаб вебинар, овој пат на темата „Препознавање и соодветна реакција на сите видови насилство - примери на добри пракси“, спроведен од страна на СмартАп - лабораторија за социјални иновации.
    💻Вебинарот ќе се одржи во вторник, 17 декември со почеток од 18:00 часот на платформата Zoom и UA-cam.
    Овој вебинар е наменет за сите наставници и стручни соработници од основните и средните училишта кои се заинтересирани да дознаат повеќе за добрите пракси за заштита и учество на учениците. Вебинарот има за цел да обезбеди практични насоки за идентификација на различните видови насилство и да им помогне на учесниците да разберат како да ги препознаат знаците на насилство во училницата. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со успешни примери за интервенции, кои можат да се применат во нивната секојдневна работа.
    👩🏼‍🏫За предавачот:
    🔸Ана Попризова е психолог со триесетгодишно искуство во улога на наставник и училиштен психолог, истражувач и Гешталт терапевт. Активно работи на полето на ментално здравје, дел е од тимот на ХБСЦ студијата и обучувач на различни теми од областа на образованието. Има богато искуство како практичар во пружање на психосоцијална поддршка на ученици и родители. Верува дека заедничката соработка помеѓу училиштето, родителите и заедницата се рецепт за градење на здрава, активна и одговорна младина.
    📋Пријавување:
    🔸Пријавувањето е задолжително и ќе биде отворено до почетокот на самиот вебинар. Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.
    👉🏻За регистрирање на настанот, отворете го следниот линк: link.innovatio...
    💻Насоки за следење на настанот:
    🔸За сите заинтересирани овозможено е вебинарот да се следи преку линк на платформата ZOOM или преку UA-cam каналот на СмартАП;
    🔸Напомена: Иако следењето преку ZOOM дозволува до 500 учесници, останатите учесници ќе може целосно да го следат настанот и да се вклучат во дискусијата преку преносот во живо на СмартАП UA-cam каналот. Учесниците ќе ги имаат истите овластувања и привилегии, без разлика дали го следат настанот преку UA-cam или преку самата ZOOM алатка.
    🔸Со пријавата автоматски сте внесени во системот и ќе добиете потсетување за приклучување.
    🔸Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или UA-cam live платформата.
    📝Како до дигитален сертификат за стекнати знаења?
    🔸Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.
    🔸За стекнување на дигиталниот сертификат потребно е да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).
    🔸Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.
    🔸Дигиталниот сертификат за стекнати знаења ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од три до четири недели од страна на техничкиот тим на СмартАп.
    За проектот:
    Оваа активност се имплементира од страна на Смарт АП - Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
    Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска aмбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП - Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација Песталоци.

КОМЕНТАРІ •