Малолетнички бракови: Системски проблем со родова димензија

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 30 вер 2024
  • Според мулти-индикаторското кластерско истражување од 2018/19 год во реализација на Државниот завод за статистика, 15.5% од жените во РСМ стапиле во брак пред својата 18-та година, а во ромската заедница тој процент изнесува 45%.
    Заклучоците од истражувањата покажуваат дека стравот на изолираните заедници од општеството и острацизмот со кој се соочуваат ги принудуваат овие заедници да ја бараат безбедноста во традицијата и применувањето на патријархалните вредности како заштитен механизам за безбедноста на девојчињата. Девојчињата, пак, соочени со континуиран недостаток на информации и избор сметаат дека љубовта е водечка сила во креирањето на нивната иднина. Тука е и недоволната комуникација помеѓу родителите и младите за сексуалниот живот кој, за жал, сè уште е табу тема.
    На ваков начин, сиромаштијата, економската зависност, семејното насилство, раната и повеќекратна бременост, здравствените проблеми, нискиот образовен статус, раното стареење и невработеноста стануваат нормален живот за многу девојчиња и момчиња како последица на детските бракови.
    Во новото видео на Медуза, Несиме Салиоска и Тона Карова зборуваат за детските бракови и потребните системски решенија во борбата со овој проблем, а три жени кои стапиле во брак како малолетнички го споделуваат своето искуство.
    Камера: Жарко Чулиќ
    Видеото е изработено во соработка со Heinrich-Böll-Stiftung e.V.

КОМЕНТАРІ •