8. Животот на Голем град, со Драган Арсовски *Meduza talks*

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 30 чер 2024
  • Преспанскиот регион изобилува со фасцинантна природа и жив свет, а е и домаќин на еден од најинтересните еко-системи: Голем Град. А кој подобро би ни ги доближил приказните на овој див остров од некој кој со месеци секоја година живее на островот? Во новата епизода на Meduza talks, разговараме со Драган Арсовски, биолог и херпетолог, кој со години ја истражува Преспа, а со нас ги сподели дел од тие приказни: дали навистина има толку многу змии на „островот на змиите“, како изгледа една експедиција на пуст остров, ефектите на климатските промени врз овој магичен регион и, верувале или не, хомосексуалното однесување на желките на Голем Град.
    Авторка: Калиа Димитрова
    Продукција: Meduza Platform со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung e.V.
    Снимање и пост-продукција: Студио Пиксел

КОМЕНТАРІ •