Игри и песни од село Живојно Битолско. 2/3

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 14 жов 2024
  • -Живојно е село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
    Живојно се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, на територијата на поранешната Oпштина Бач во непосредна близина на македонско-грчката граница, на надморска височина од 801 м. Од Битола е оддалечено 38 км. Името на селото било: Живино, Живоино, а подоцна Живојно. Потекнува од личното име Живан или Живуш за кој се смета дека живеел во ова село. Припаѓа на Oпштина Новаци. Атарот е ридесто земјиште и зафаќа површина од 29,8 км2. Од тоа обработливо е 1.218 ха, додека останатото се пасишта. Живојно има земјоделско-сточарски карактер.
    Во близина на селото има рудник за јаглен - јамски коп. Јагленот се копал од рудникот и со воз на тесен колосек се транспортирал до Кременица, а потоа до Битола. Во 1934 година во Живојно работела термоцентрала за осветлување на селото и рударската населба ,,Пелагонија``. Централата работела сè додека работел и рудникот до 1952 год.
    Според Турските пописни дефтери од 1468 година[3] во Живојно живееле 86 христијански семејства. Во селото имало свештено лице поп Веле. Во 1897 година биле регистрирани 130 семејства од кои според верската припадност 445 жители биле христијани, а 300 биле муслимани. Во 1885 година христијаните изградиле храм посветен на Св. Вознесение Христово. Селска слава им е Спасовден. Над селото се наоѓа манастир Св. Илија. Околу манастирот има гробови. Турците изградиле џамија. Времето на градба не е познато. Таа е во руинирана состојба. Во Народноослободителната војна 1941-45 година од Живојно учествувале повеќе борци. На бојното поле животите ги положиле: Чоков Џоџе, Гилевски Лазар и Крстевски Ристе. Живојно повторно е електрифицирано во 1961 година, а водоводот е изграден во 1980 год.
    Во село Живојно живеат Македонци - Моштенци. Во втората половина на 19 век, еден дел од семејствата од Живојно емигрирале во село Бач.[4] Жителите на Живојно воспоставиле родовски врски со соседните моштенски села, а поголемиот дел од нив сега се наоѓаат во Грција.

КОМЕНТАРІ •