Бапчорки - Малихери пукаја / Bapcorki - Maliheri pukaja / Песна од Егејска Македонија

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 5 жов 2024
  • Во спомен на војвода Иван Христов Орџанов, познат и како Иванчо (Ванчо) Карасулијата.
    Малихери пукаја
    (За Ванчо војвода)
    Малихери пукаја, леле, малихери пукаја,
    Малихери пукаја, на Гандачо планина.
    Тојо Ванчо војвода, тојо Ванчо војвода,
    Тојо Ванчо војвода, на чукарка седеше.
    На чукарка седеше, леле, на чукарка седеше,
    На чукарка седеше, заповед ни даваше.
    Јуриш браќа комити, леле, јуруш браќа кумити,
    Јуриш браќа комити, да ја ослободиме,
    да ја ослободиме, мајка Македонија.
    Бапчорки се женска вокална група која исполнува македонска музика од Егејска Македонија. Песните и пејачките потекнуваат од селото Бапчор, Костурско. Посебно карактеристично за нивните изведби е полифоното пеење. Оваа група е формирана во 1970-те во Радиотелевизија Скопје и благодарение на нив е сочуван дел од фолклорот од Егејска Македонија.
    #комити
    #komiti

КОМЕНТАРІ • 1