Бапчорки - Голем мерак имам мамо / Bapcorki - Golem merak imam mamo / Песна од Егејот

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 27 сер 2024
  • • Македонски партизански...
    Голем мерак имам мамо,
    партизан да одам,
    партизан да одам мамо,
    на Вичо планина.
    Тамо ќе си најдам, мамо,
    мојте верни браќа,
    мојте верни браќа мамо,
    мојте верни сестри.
    Јаска ќе се борам мамо,
    за Македонија,
    за Македонија, мамо,
    земја измачена,
    земја измачена мамо,
    од клети фашисти.
    Прва пушка пукна мамо,
    мене ме погоди,
    мене ме погоди мамо,
    на левата страна,
    на левата страна мамо,
    близу до срцето.
    Вич е највисокиот врв на Нередска Планина со 2.128 метри надморска височина. Се наоѓа во крајниот западен дел на Егејска Македонија, југозападно од градот Лерин во правец на областа Преспа и албанско-грчката граница. Врвот Вич е делумно каменест и опкружен со високи треви, а до него се стигнува низ густи зимзелени шуми.
    За време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949) на врвот Вич на Нередска Планина се одржала најголемата битка помеѓу ДАГ и владините монархофашистички сили. Најголем број од борците во составот на ДАГ го сочинувале Македонци, а сосема мал дел биле Грци (претежно команден кадар). Неколку години пред Битката на Вич се одржало и советувањето и обединувањето помеѓу КПГ и НОФ. На Вич денес стои црква „Св. Јован Претеча“, изградена во чест на владините борци.
    #партизани
    #ноб
    #11октомври
    #нов
    #partizani
    #nob
    #11oktomvri
    #nov

КОМЕНТАРІ • 1