Portret Na Vanja Lazarova Peaci I Pesni 1977

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 5 лют 2025
  • Вања Лазарова - Димитрова (27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско - 12 март 2017 во Скопје) - македонска пејачка на изворни народни песни и воопшто, доајен на македонската народна музика.
    Вања Лазарова е родена во музички надарено семејство. Нејзиниот татко бил пратеник од времето на Кралството Југославија. По завршувањето на учителското училиште, станала игроорка во „Танец“. Подоцна била учителка во оркестарот „Пеце Атанасовски“ каде на своите ученици им ја пренесувала љубовта кон музиката.
    Вања Лазарова пеела со различни фолклорни ансамбли. Била член на ансамблот на Македонската радиотелевизија, а има настапувано и со Македонската филхармонија. Таа е првата македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Poligram и Philips. Добитник е повеќе меѓународни музички награди.
    Голем е нејзиниот придонес во музиката од филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски кој доби награда „Златен лав“ на фестивалот во Венеција во 1994 г.
    Продуцентската куќа „Трето уво“ ги издаде нејзините први три албуми: „Македонски традиционални љубовни песни“ - кој е дистрибуиран во Европа, Америка и Јапонија, „Ритмистика“ - во соработка со водечки македонски музички имиња и „Лулка“ - во соработка со американскиот гитарист Мирослав Тадиќ. Нејзиниот последен албум „Генофонија“ е во соработка со групата Нав.
    „Со маки сум се родила“, „Петро Петроленко“, „Многу ми го фалат бабо“, „Параходот ми замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Во ливаѓе ладен извор има“ се само некои од песните кои ги има отпеано и снимено.

КОМЕНТАРІ • 1