Поворка или литија?
Вставка
- Опубліковано 2 січ 2025
- Што е Поворка? ✨
*Поворка е народен собир, организиран заради некоја празнична и благородна цел.
*Меѓу најмладите, многу популарни се Бадниковите поворки, коишто се одржуваат на Бадник, односно пред христијанскиот празник Божик.
*Според древните традиции, собирањето на дечињата и одењето во Поворка со пештера во рацете за Бадник, но и посетата на домовите, јавните институции, градските плоштади со цел насекаде да се најави претстојниот празник, го има токму тоа народно обележје.
Бадниковите поворки, иако произлегуваат од традицијата на православната црква, сепак, се нешто што спаѓа исклучиво во сферата на народното движење. Тоа се граѓански настани кои не треба да се мешаат со богослужбените процесии на православната црква. За време на траењето на Поворките се пеат каланди, кои се составени од верниот народ и произлегуваат од богатата христијанска културна традиција.
Што не е поворка? ✨
Литиите, кои според православната Црква се предвидени за време на конкретни црковни празници, и на кои од страна на клирот и народот се носат икони, мошти, црковни знамиња и сл., НЕ СЕ ПОВОРКИ. Самите литии се одвиваат во рамки на богослужбата, односно тие се нејзин продолжеток.
Сите бадникови и божикни манифестации, кои во потполност се христијански, но се без елементи на паганизам, се израз на длабоката побожност на народот, но, притоа, во никој случај не ги заменуваат богослуженијата, односно не претставуваат централен настан за одбележувањето на Рождеството Христово; напротив, тие само го повикуваат народот на литургиско празнување во храмовите Божји.
................................................
Режисер - Илија Ико Каров
Сниматели - Стефан Рајхл, Александар Пауновски, Николај Грнчаров
Монтажа - Александар Пауновски
Актери - Владо Дојчиновски и Никица Јанковски
❤️🌲🌟 БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2025 - Пренеси ја Божикната радост до секое срце!
#badnikovipovorki