Песен за Яне Сандански
Вставка
- Опубліковано 6 лют 2025
- Песен за Яне Сандански
„Да живееш, значи да се бориш. Робот - за слобода, а слободниот - за совршенство“
Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
полетаа три сокола
и на Јане збореа:
Ајде Јане со нас појди,
ние лек ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек ќе најде.
Први сокол проговара:
Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас појди,
горе в' Пирин Планина.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.
Втори сокол проговара:
Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас дојди,
дур' до белото море.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.
Трети сокол проговара:
Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас појди,
долу крај Вардара.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.
Ој те вие три сокола,
в' срце сум ранет.
Оставај мене тук' да умрам,
лек мене не лекува.
Македонија други ќе роди,
кој ќе ја ослободи.