Велигденски путер колачиња од 5 состојки

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 7 вер 2024
  • Празничната магија внеси ја во својот дом! Мирис на ванила, путер и весели колачиња за среќни празници. Време е за радост, подготовка на најубавите јадења и десерти, и празнување. Овие празници направи велигденски путер колачиња со само пет состојки.
    Заедно со најмалите декорирајте ги и креирајте моменти на среќа кои ќе се паметат долго. Направете шарени јајца, пилиња, зајчиња, цветови...
    Состојки:
    • 420 г Екстра бело брашно од Жито Лукс.
    • 220 г путер на собна температура
    • 180 г шеќер во прав
    • 1 големо јајце
    • 1 ½ лажичка екстракт од ванила.
    Подготовка:
    Во длабок сад се мешаат путерот и шеќерот во прав. Штом смесата се соедини се додаваат јајцето и екстрактот од ванила. Се меша и се додава Екстра белото брашно.
    Се замесува тестото. Тестото се дели на два дела.
    Секој дел се става во харија за печење и се сучи правоаголна кора. Кората се става во замрзнувач за време од 20-30 минути.
    Потоа се вади и се сечат форми како јајце, зајаче… Колачињата се редат во тава обложена со хартија за печење. Тавата се става во фрижидер 20-30 минути. Колачињата се печат во загреана рерна на 180 степени за време од 12-15 минути. Важно е останат бели, да не потемнат по краевите.
    Се остават да се изладат, а потоа се декорираат по желба со кралска глазура (Royal Icing) - со белка, фондан или бело чоколадо. Подготовката и начинот на декорација, погледни ги на видеото. Среќни празници!
    🐣 Совети плус:
    • Путерот и шеќерот може да ги изматиш и со миксер.
    Исто, штом ги додадеш јајцето и ванилата може да изматиш со микер. Така за пократко време ќе ги направиш колачиња.
    • Веднаш штом ги извадиш печените колачиња може да ти изгледаат дека не се доволно испечени, но потребно е да изладат. Ако го продолжиш времето на печење, може да потемнат.
    • Повеќе идеи и празнични рецепти разгледај на моите профили и заследи ме: Instagram - @kocovska.marija ( / kocovska.marija ) , Facebook - Marija Kocovska ( / marija.kocovska .

КОМЕНТАРІ •