Св. архијерејска Литургија. Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 23 січ 2025
  • Снимка од преносот во реализација на Македонска Телевизија.
    * *
    На 22.05.2022 год. во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана, г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во сослужение на: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, поранешен Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, епископ Хераклејски г. Климент и епископ Стобиски г. Јаков.
    На Божествената Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква.
    Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски - учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил.

КОМЕНТАРІ •