Вистинските вредности, лек за моралната криза и духовната празнина!

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 26 жов 2024
  • „Вистинските вредности, лек за моралната криза и духовната празнина!“
    Гостување во „Што не е јасно?“ на Алфа ТВ! Водител: Љупчо Цветановски
    гости: презвитер Ивица Тодоров и Крумислав Божиноски
    ----
    Емисијата е снимена по повод 15 годишниот јубилеј на „ДОДОМА“
    ----
    Животот e дар, но и мистерија!
    Животот потекнува од вечнопостоечки надумен Творец кој нам ни се открива како Отец кој има разбирање и љубов кон нас како Негови созданија и чеда. Тој за вистинскиот живот создаде ДОМ, од Него наречен Негово царство или Царство Божјо! Од тој ДОМ на животот човештвото одамна отпадна, па затоа она што го нарекуваме живот, во овој и ваков свет, е некакво преживување исполнето со бесмисленост, бесцелност, површност, неправда, болка, суровост, неизвесност, зло, смрт..., но преживувањето во овој свет, разбрано како жед за вистински ЖИВОТ, е и откривање на смислата, процес на заздравување, осознавање на извесноста, запознавање со доброто, зачекорување во ЖИВОТОТ!
    Преживувањето во овој свет, сепак, овозможува избор! Вистинскиот избор, во овој и ваков свет, подразбира духовна потрага и патување, подразбира сериозен и тежок процес на самоосознавање, созревање, очистување, лекување, заздравување, остварување и спасение.
    ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР Е ПАТ ДО ДОМА!
    Пат до вистинскиот „себе“ или „јас“! Пат до радосната осмислувачка извесност! Пат до Бога и патување со Бога! Пат до вистинското разбирање на ЖИВОТОТ!
    Во ова патување ДО ДОМА не се патува сам, иаку самотијата помага во патувањето. Во патувањето ДО ДОМА потребна е поткрепа од поискусни и созреани личности. Потребно е и заедништво во кое и преку кое ќе се преиспитуваме и поучуваме во почит, доверба, искреност, одговорност, слобода, вистина, творештво и ЉУБОВ. Потребно е и сведоштво на утврдената вистина за насока на другите скитачки и Боготражителни души во ова време и простор. Потребно е и внедрување на доброто, нормалното и од Бога благословеното во темелите на личното, семејното, црковното и општествено живеење.
    ДОДОМА е ПОТКРЕПА, СВЕДОШТВО и ЗАЕДНИШТВО во името Христово, во името на Оној кој дојде во овој отпаднат свет да ни даде ЖИВОТ! ДОДОМА Е ПАТ ДО ДОМА, до оној ЖИВОТ кој ни го вети Христос!
    Во слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, нашиот Бог,
    во полза на Неговата Црква,
    за доброто и просперитетот на македонскиот народ,
    за достоинствена Македонија и за богопосветен Балкан
    Движење за организирана духовна обнова на Македонија „ДОДОМА“

КОМЕНТАРІ •