Чкембари по патот за Купот на Македонија Финале 17.05.2017

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 18 тра 2017
  • После шеснаесет години од моментот кога купот беше наш и освое и подигнат од Митко Стојковски во 2001 год. на наше задоволство и чест повторно е во наши раце, гордоста која ја заслужуваме Купот на Македонија. И после пет порази најслатка победа против Шкендија коај најповеќе значи. Ти благодарам гоподе слава твоја да е. Пелистер пред се!
    Чкембари се една од најстарите навивачки групи во Македонија која ги поддржува сите спортски клубови од Битола кои го носат името Пелистер. Со ФК Пелистер најголем успех им е освојувањето на купот во 2001, кога Пелистер стигна до третото кваликациско коло од купот на УЕФА каде биа елиминирани од шпанската Селта Виго.
    Како почеток на создавањето на Чкембари се смета 1985 година, кога на бараж натпреварот за опстанок во Првата Југословенска ракометна лига за мажи помеѓу РК Пелистер и РК Партизан од Бјеловар, од Битола се упати навивачки караван од 21 автобус, организирани во тоа време под името БМЧМ (Битолчани, Мотокари, Чкембари, Македонци).
    Навивањето во Битола постоело од поодамна на сите спортски манифестации што се одржувале во Битола, но кога станува збор за организирано навивање и бодрење на Пелистер на секоја средба, тоа започнало со појавата на навивачката група во 1986 година кога биле создадени и првите зелено бели транспаренти на кои пишувало „Hell Boys“ (македонски: Пеколни момци) и „Green Conquerors“ (македонски: Зелени освојувачи).
    Навивачката група Чкембари е составена од неколку подгрупи кои имаат свои транспаренти и знамиња, и најчесто се состојат од навивачи кои се од иста населба. Прва официјална подгрупа на Чкембари била Chaos од населбата Карпош, формирана во 1985, а се распаднала во 1996, а во 1992 како нејзин наследник била формирана подгрупата Extremo Karpos која е активна до денес. Подоцна, во 2004 била формирана сѐ уште активната Green Front од населбата Јени Маале. Во 2008 биле формирани уште две нови подгрупи, и тоа Ultras Bair од населбата Баир, како и подгрупата Boys from Centar (BFC) од централното градско подрачје.А како најмлада од 2014 формирана е подгрупата "Млади Бригадери"
    Чкембари на натпреварот помеѓу ФК Пелистер и ФК Вардар на стадионот под Тумбе Кафе, 2008.Едно од најголемите ривалства во македонскиот фудбал е ривалството на Чкембари и Комити. Нивниото ривалство започнало во сезоната 1989/1990 на натреварот во Скопје, помеѓу ФК Вардар и ФК Црвена Sвезда, кога дошло до судир меѓу скопските панкери и мал број битолски навивачи кои оделе во тоа време да навиваат за Вардар, кој во тоа време бил најпознат македонски фудбалски клуб.
    На натпреварите помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер често се случувале немили настани и епизоди, од кои најпознат е инцидентот во 1993 на градскиот стадион во Битола година на натпревар од првата фудбалска лига на Македонија кога Чкембарите го демолирале стадионот, ја срушиле заштитната ограда и почнале да се тепаат со полицијата сакајќи да стигнат до гостинските навивачи. При настанот биле повредени десеттина полицајци, а околу 200 чкембари биле приведени. Во секој случај, не дошло до директен судир на навивачките групи.
    Иако овие две екипи важат за најголеми ривали во Македонија, за време на настапи на националните тимови на Македонија навивачите на двете групи се навиваат заедно за репрезентациите. Неколку примери се светското првенство во ракомет за мажи кое се одржало во Хрватска во 2009, како и европското првенство исто така во ракомет за мажи, кое се одржало во Италија во 1998. За време на фудбалските натпревари на македонската репрезентација, Чкембарите се позиционираат на источната трибина на градскиот стадион во Скопје, спроти комитите кои седат на западната трибина.

КОМЕНТАРІ • 4

  • @skopjanec8392
    @skopjanec8392 4 роки тому +20

    Голем поздрав до сите верни навивачи!
    Јас сум Вардаровец, роден во Кисела вода и навивам за Вардар уште пред создавањето на навијачката група Комити!
    Чкембари се уште постара група од Комити! Искрена желба ми е да го видам Пелистер повторно како жари и пали во Македонска лига и пошироко!
    Напред Чкембари во поход да го вратите Пелистер на права патека!

    • @KBMKD
      @KBMKD 4 роки тому +9

      Само со такво мислење ќе ја вратиме МКД ТИФО сцена.🇲🇰

    • @alekgreats
      @alekgreats Рік тому +1

      Поздрав

  • @clockworkproduction2087
    @clockworkproduction2087 2 роки тому +7

    УБО РЕЧЕ ШОФЕРО НАШ