Baklava so visni | Hrana i Vino MKD

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 3 жов 2024
  • Со фил од јајца, шеќер и павлака. Киселкастиот вкус на вишните ја прави помалку тешка и блага од било која друга балкава која до сега сте ја правеле. А, бидејќи замрзнати вишни има во текот на целата година во секој поголем маркет значи дека е за 4 сезони.
    БАКЛАВА СО ВИШНИ
    500 г кори за баклава
    500 г вишни од компот
    ЗА ФИЛ
    4 јајца
    200 г шеќер
    200 мл кисела павлака
    200 мл масло за јадење
    1 прашок за печиво
    ЗА ШЕРБЕТ
    600 г шеќер
    500 мл вода
    1 лимон
    Потребно време на подготовка на овој десерт е 50-тина минути.
    Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Лимонот го сечеме на половина и половина лимон додаваме во тенџерето. Вариме 10-тина минути, го тргаме тенџерето од оган и оставаме шербетот да се излади.
    Почнуваме со подготовка на филот. Во сад за матење ги кршиме јајцата и ги матиме со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме павлаката, маслото и прашокот за печиво, и мешаме со жица додека филот не се соедини.
    Во правоаголна тава бр 38, намрсена со масло ставаме 2 кори, свиткани во големина на тавата. Врз нив нанесуваме од подготвениот фил и прекриваме со 2 кори. Откако ќе потрошиме половина од корите на нефилувана кора ги нанесуваме вишните. Прекриваме со кора и нанесуваме фил. Повторно ставаме 1 кора и филуваме. Истата постапка ја повторуваме додека не го потрошиме целиот фил. Прекриваме со последната кора и ја попрскуваме со масло. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 - тина минути на 200 степени или додека баклавата не порумени и ја вадиме тавата од рерна. Ја сечеме баклавата на парчиња.
    Половинката лимон ја вадиме од тенџерето. Со изладениот шербет ја преливаме топлата баклава. Откако баклавата ќе го впие шербетот и ќе се излади две парчиња Баклава со вишни ставаме на чинија за сервирање.
    Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
    Добар апетит.
    Subscribe for upcoming recipes:
    / @hranaivinomkd
    Follow us:
    Facebook: / hranaivino

КОМЕНТАРІ •