ЗАСАДУВАЊЕ САДНИЦИ ВО ДВОРОТ НА МАНАСТИР СВ ИЛИЈА И ПОСЕТА НА ИЛИН КАМЕН.

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 17 жов 2024
  • 31.10.2023 Година.
    ЗАСАДУВАЊЕ САДНИЦИ ВО МАНАСТИРОТ СВ. ИЛИЈА 800 М.Н.В. КАКО И ЕДНА ПЛАНИНАРСКА АКЦИЈА ЗА ИСКАЧУВАЊЕ ДО ИСЦЕЛИТЕЛНИОТ ИЛИН КАМЕН 853 М.Н.В. НАД ПРИГРАДСКОТО СЕЛО ЅВЕГОР,НА ПЛАНИНАТА ВЛАИНА (Општина ДЕЛЧЕВО - Област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА)).
    Ученици МАКЕДОНЦИ и АЛБАНЦИ со нивните наставници од ООУ ВАНЧО ПРКЕ Делчево,заедно со партнер училиштето ООУ„ ЖИВКО БРАЈКОВСКИ" - населба БУТЕЛ,од град СКОПЈЕ,како и СОВЕТНИКОТ ЗА ООБРАЗОВАНИЕ ПРИ ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО - ВАНЧО НОВОСЕЛСКИ, и претседателот на ПСК ГОЛАК Делчево - Љупчо Чучуковски,кој беше поканет да учествува бидејќи Клубот има склучено МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА (каде учествува веќе 2 години) засадија зимзелени садници во манастирскиот комплекс СВ ИЛИЈА 800 м.н.в. над приградското село ЅВЕГОР на планината ВЛАИНА.Најпрвин сите заедно влегоа во манастирот посветен на СВ ИЛИЈА.
    Целта на заедничката акција во природа, беше да ги поттикнеме сите љубители на природата да започнат со засадување на млади садници токму со месец ноември , во овие предели од ПИЈАНЕЧКО - МАЛЕШЕВСКИОТ крај од каде што изминатите години беше направена огромна штета на шумскиот појас од пожарите. Изразуваме благодарност до Директорот на ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“, Подружница Делчево , кои ни дадоа целосна поддршка со дадените садници од зимзелени дрвца. Нашето заедничко дружење беше исполнето со ентузијазам и желба за повторно организирано да имаме уште многу вакви акции и во наредниот период.
    Шумите се составен дел од нашите животи и тоа на многу сложени начини кои допрва почнуваме да ги разбираме. Почнувајќи од намалување на стресот па сѐ до апсорбција на јаглерод и регулирање на климата , тие имаат голема улога за нашето здравје и здравјето на нашата планета.
    Учениците од МАКЕДОНСКА и АЛБАНСКА припадност,заедно со нивните наставници од македонска и албанска припадност,предводени од претседателот на ПСК ГОЛАК Делчево - лиценциран планинарски водич ЉУПЧО ЧУЧУКОВСКИ, исто така се искачија до локалитетот ИЛИН КАМЕН 853 м.н.в. каде претседателот ЉУПЧО ЧУЧУКОВСКИ им ја раскажа легендата за каменот како и за неговата исцелитетна моќ,поради што неколку заинтересирани ученички и наставнички се протнаа под каменот.
    Потоа беа запознаени со околината на самата месност ИЛИН КАМЕН,и на крај сите се вратија во манастирскиот комплекс,каде имаа заееднички ручек обезбеден од ООУ ВАНЧО ПРКЕ Делчево.
    Целата активност беше пропратена од страна на директорот ГОРАН ВЕЛКОВ и заменик-директорката МАРИЈАНА СТОИМЕНОВСКА.
    Еден преубаво поминат позитивен ден.
    ПСК ГОЛАК Делчево - Р.С.Македонија !!!

КОМЕНТАРІ •