Копачка Драмче, 26.03.2024 Делчево, во чест на пролетта, езгија ора „Ситно“ и „Копачка“ мажи
Вставка
- Опубліковано 18 гру 2024
- 26.03.2024- ДА ЗАПЕЕМЕ И ДА ЗАИГРАМЕ ВО ЧЕСТ НА ПРОЛЕТТА
Отварање на реновираната сала, во Спомен дом АСНОМ, во Делчево. Атрактивната изведба на младите исполнители тапанџии и тоа Адријан Стаменовски, Матеј Миленковски, Николче Петровски и прекрасната Ана Алексовска, публиката ја поздравуваше со бурен аплауз, кој продолжуваше и кога се изведуваа ората „Ситно“ и „Копачка“. Достоиствено и гордо, го изведовме и овој настап, во време кога го прославуваме Јубилејот на 10 годишнината од впишувањето на орото „Копачката“ во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото. Да ни се множат настапи и Јубилеи! Благодарност до НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ и Кико Трајановски, за прекрасната организација.