360 degrees season 10, show 75 Што ќе се смени во основното образование - интервју со министерката

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 30 чер 2024
  • Broadcasted on July 1, 2024 (Monday) on MRT1 at 23.15.
    Зошто се нафати да раководи ресор за кој, заедно со Здравство, има најмногу поплаки и очекувања од граѓаните - е едно од прашањата што ѝ ги поставуваме на новоизбраната министерка за образование и наука Весна Јаневска, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Кои се првите теми на кои ќе се фокусира, кој ќе реши што е добро, а што лошо во Концепцијата за основно образование (од времето на Мила Царовска), кој е рокот за најавената ревизија на Концепцијата, ќе ги има ли сите учебници за основците на 1 септември, како ја замислува Националната стратегија за образование и како да се стигне до неа - се, исто така, прашања на кои бараме одговори од министерката Јаневска. Разговараме и за тоа како мисли да ја оствари заложбата од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за меѓуетничка интеграција во образованието. Јаневска ја прашуваме и зошто во биографијата доставена до Собранието не навела дека била в.д. претседателка на ВМРО - народна партија, како и зошто го нема бугарскиот меѓу јазиците што ги познава, како што пишува во нејзината биографија од времето кога беше пратеничка во Собранието (2006-2008 г.) Таа кажува и што мисли за тоа што министерката за енергетика Сања Божиновска во биографијата не декларирала дека има чешко, а сè уште формално и бугарско државјанство.

КОМЕНТАРІ •