Езеро Козјак (Kozjak Lake, Macedonia) 2024

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 5 вер 2024
  • ЕЗЕРО КОЗЈАК
    Козјак е најголемо вештачко езеро во Македонија создадено во 2004 година кога е преградена реката Треска со брана и ходроцентрала Козјак.
    Сместено е помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот Јасен на исток.
    Езерото е долго 32 километри а најшорокиот дел изнесува 400 метри.
    Има едно место, видиковец, непосредно до ресторанот Аурора - Козјак, од кое се пружа восхитувачки поглед кон езерото и неговата околина.
    До ресторанот Аурора-Козјак се доаѓа лесно со автомобил по асфалтиран пат.
    Од населбата Аеродром во Скопје, кај крстот, кон видиковецот може да се дојде по два асфалтирани патишта. Едниот пат, преку Сопиште и Припор, е покус (29 км), а другиот е малку подолг (35 км), преку селото Батинци, но е подобар и поширок.
    Од Штип до ресторанот Аурора-Козјак и прекрасниот видиковец, пристигнав за 90 минути (растојанието е точно 100 км).
    Местото го препорачувам да го посетите, зашто има прекрасен поглед од кој застанува здивот.
    На околу 900 метри од ресторанот, на околниот рид има изградено 5 фантастично атрактивни „Гризли Иглоа“ (единствена туристичка атракција на Балканот и пошироко) изградени од природни материјали и во кои може да се преспие речиси под отворено небо.
    Видиковецот е многу погоден и за ноќни фотографии на небото, галаксијата и ѕвездите, зшто е далеку од светлосното загадување на градовите и индустријата.

КОМЕНТАРІ • 10