Копачка Драмче, Ситно и Копачка жени во Белчанци Драмче, 02,12,2023
Вставка
- Опубліковано 29 гру 2024
- По повод прославата на Јубилејот 75 години од основањето на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево; јубилејот 20 години од донесувањето на Конвенцијата за заштита, афирмација и промоција на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО и девет години од впишувањето на орото „Копачката“ во УНЕСКО, имаме за цел посета и на Спомен собата на дедо Митко, ороводецот на Копачката. Дојдовме овде во Белчанско маало во с. Драмче, на гумното пред неговата куќа, каде најизворно, најразиграно, највозвишено и гордо, се виело орото Копачката. Неговата Спомен соба ќе ја збогатиме со нови примероци од изданија на брошури и ДВД од реализирани проекти од уредувањето на собата во 2014 година до денес. Воедно ги возобновивме табличките со низата негови изреки за орото „Копачката“, кои ја отсликуваа, приврзаноста со овој извонреден пијанечки бисер. Покрај другите рекол и „Копачката е живо оро“, кое нешто анализирајки го оваа дистанца, мислам дека мислел колку е тоа динамично, но можеби бил свесен дека орото живее во народот, а тој самиот е лидер во ороводството. Изреките како и сиот документарен материјал на фотографии, објави во весници и списанија и друго ги имаше собрано народниот уметник, нашиот долгогодишен претседател Димитар Узунски.
Искажуваме благодарност до претседателот Љупчо Димитровски и Советот на месната заедница од с. Драмче, за несебичната поддршка за реализацијата на овие активности, кои се дел од проектот „Прослава на Јубилејот 75 г. постоење на ФГ Копачка с. Драмче, Делчево“, субвенциониран од страна на Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Трајковски.