Куќата на Касапови и Братска куќа во Велес, градени со вино и со јајца

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 18 лис 2024
  • Куќата на Касапови, или куќата што лебди оти нема темели е изградена на карпа. Таа е градена со вино. Куќата на Касапови е една од знаменитостите на Велес и е пример на старата градска архитектура.
    Градена е со ист материјал, како и црквата Св. Пантелејмон, оти се во непосредна близина. Се наоѓа во месноста Долни Дуќани, близу до куќата на Главинов и Џинот. Куќата е градена во 1846-та година, во исто време кога е градена црквата Св. Пантелејмон. Сопственикот немал каде да го потроши виното, па пет илајди оки ги искористил за ѕидот кој ја обиколувал куќата.
    Братската куќа изграденапокрај Вардар, денес е сопственост на две фамилии Кочови и Дончеви. Таа е изградена со јајца кои со кошови на магариња, биле носени во градот од околните села. Куќата е градена со јајца и со жива вар. Негасената вар се гаси на лице е место со вода, се додаваат јајцата, песок и директно се вградува во темелите. Тоа делува како еден вид цемент. И за стогодишното владеење со куќата сопствениците немале никакви проблеми со неа. Со јајца се правени темелите кои се покажале како одличен материјал, оти куќата опстојува безмалку два века. Куќата е изградена околу 1830-та година. Била сопственост на судија - турчин. А денешните сопственици куќата ја купиле околу 1923-та година. Иако скоро два века е до реката, водата не и направила серизоно оштетување.
    монтажа Слободан Ѓорѓиев

КОМЕНТАРІ •