Биба Додева - Златна Буба Мара за најдобар албум со кавери 2020

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 19 гру 2024
  • Биба Додева - Албум „ НЕЗАБОРАВНИ„, Златна Буба Мара за најдобар албум со кавери за 2020, издаден 21. септември 2020
    Видео со дел од рефрените од неколку песни на албумот.. Уживајте!
    Биба Додева има нов албум - Незаборавни. И вечни!
    Звучи парадоксално, но вистинито е! Првиот македонски поп-албум во 2020-та година е промовиран на 21-ви септември. Заради короната, нашата незавидна лежерност, неподнослива леснотија на постоењето и линија на помал отпор, по која одат нашите животи.
    Вредеше ли да се чека? Дефинитивно!
    „Незаборавни“ е колекцијата составена од 11 песни, кои Биба Додева ги доловува на само нејзе својствен начин. Затоа е Биба, и затоа ја сакаме.
    На некој начин се работи за мала Антологија на македонската забавна музика, во периодот од 1962-ра, до 2002-ра. Забавни мелодии кои се вовлекоа во нашите животи, и вечно останаа да тлеат.
    Ги сакам новите исчитувања на старите песни. Тие се добри ловџии на некои стари, заборавени емоции, потсетување на некои бои и мириси кои некогаш многу ги сакавме.
    И, демек, после многу години, се преиспитуваме - дали и понатаму ни трепери срцето кога повторно ќе ги почувствуваме или слушнеме?!
    Новата објава на Биба Додева доаѓа цели 16 години од нејзиниот бестселер „Една добра причина“, еден од најквалитетните македонски поп-албуми на сите времиња.
    Новиот е поинаква приказна. Овој пат Биба оди по потешкиот пат, избирајќи 11 незаборави, на кои им дава нова визија. Не, нив не ги прегазило времето, ниту ги фатила патина или прашина. Новите аранжмани на Владимир Дојчиновски и вокалот на Биба се само дополнителен адреналин на нешто што има вечен сјај. Нова глазура, за да светат уште посилно. За некои нови вљубувања, разделби, тивки треперења и воздишки. За старата публика, која не заборава, и новата, која допрва ќе треба да дознае на што еден ден ќе треба да се сеќава.
    Создавани од различни автори, кои во распонот од 40 години пишувале музика на македонски, обединети и „Незаборавни“, според силата на емоцијата звучат како да ги напишал истиот човек.
    Тоа, секако, е заслуга на аранжерот Дојчиновски, кој успеа да истрае во својата доследност. Скроти многу сензибилитети и ги постави на исто рамниште.
    Затоа, ова е некоја наша, автохтона боса-нова, со виолинче и ‘армониче, саксофон и труба. Малку old school, малку џези. Шлагерски, топло и питомо. Македонско.Нешто како „Новиот аспект на старата школа“.
    Од „Анушка“ на Копров, која на „Југовизија“ 1987-ма ја испеа Ана Костовска, преку „Во бестрага“ - блокбастерот на Брејк, Џамбазов и „Нокаут“ и „Сонце за три светови“ на Винко Мишковски и Ристо Самарџиев, која беше и остана trade marke на Мики Џафер, шлагерите „Еден бакнеж“ на Петар Пешев и Христо Крстевски и „Ти само збориш“ на Славе Димитров, од 1962-та и 1977-ма, па до евергрините од 80-тите и 90-те - „Сребрени улици“, “Едно срце имам душо“, „Лажи ме“, „Скопје“, „Виолина и гитара“ и нејзината „Необичен круг“ од 2002-ра, овој албум претставува мал придонес во зачувување на нашите музички трајни вредности.
    Внимателно одбрани, со бројни гости, инструменталисти, кои во песните внесоа дополнителна ексклузивност и нова автентичност, „Незаборавните“ 11 стануваат поинакви и вечни.
    А Биба, со својата посебност и глас, со кој може да прави, и навистина прави што сака, и понатаму останува уникатна појава на нашата музичка сцена. До следниот нов албум, кога само формално ќе го констатираме истото!
    Двата бонуса - „Како некогаш“, од ланскиот „Охрид-фест“ и „Птица“ од актуелниот „Макфест“, како грандиозни и силни балади, лесно се сплотија во целата емоција.
    Како еден училишен час, „Незаборавни“ во своите 45 минути се прекрасна звучна слика на есента која само што не е пристигната. Ќе не тешат во тешките дождливи денови, кои пристигнуваат и ќе не греат во студените и снежни ноќи, кои следат. Нема да им биде тешко - како вода, лесно ќе го најдат својот пат, за годините што доаѓаат.
    Некој ќе праша - А, можеше ли изборот да биде поинаков? Некој друг избор, некои други песни... Можеше, секако!За некоја следна прилика, за Биба, или некој друг пејач, кој ќе биде подготвен да им вдахне нова душа.
    Широка е и топла македонската песна. Има во тој рудник уште многу старо злато, кое чека некој да го открие и да светне најсилно што може. И, со својот сјај и убавина, да огрее уште многу прости души, словенски...
    Иван Беќковиќ

КОМЕНТАРІ •