На 15-ти и 16-ти октомври 2022 година, ќе биде извршена канонизација на Кирил Пејчиновиќ
Вставка
- Опубліковано 22 гру 2024
- На 15-ти и 16-ти октомври ќе биде извршена канонизација на Кирил Пејчиновиќ, соопшти Македонската православна црква. Церемониите за прогласувањето на Пејчиновиќ за светител ќе започнат во сабота во 17 часот со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, кадешто е погребан.
Во недела, во црквата Св.Кирил и Методиј во Тетово по Воскресната утрена богослужба, ќе има дочек на Архиепископот г.г. Стефан и Архиереите на МПЦ, по што во 9 часот ќе започне Светата божествена литургија и прославување на новоканонизираниот игумен Кирил Лешочки.
Иницијативата за канонизирање ја покрена Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф.