ЛЕСНОВСКИ МАНАСТИР

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 15 вер 2024
  • Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир се наоѓа во с. Лесново, Пробиштипско, на југозападните падини на Осоговските планини, на надморска височина од 880 метри.
    Главната црква во манастирскиот комплекс е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил.
    Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година).
    Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е прецизно утврдено, но најверојатно е дека тоа било во 11 век, па оттаму заклучокот дека манастирот бил изграден во втората половина на 11 век, кога во крајот северно од река Брегалница бил развиен силно култот за пустиножителите-испосници, меѓу кои и за светиот отец Гаврил.
    Во периодот на 14-от век во Лесновскиот манастир живееле над 200 монаси а манастирот бил една од најголемите монашки населби на Балканскиот полуостров.
    Значајно да се напомене дека овој манастир е еден од поголемите средновековни книжевни центри во кој покрај монашкиот живот се одвивала и богата книжевна дејност. За жал во текот на 19-от век па се до завршувањето на Првата светска војна ракописите биле разнесени на разни страни па и надвор од Македонија така што денес 40 ракописи од 13-от до 19-от век се чуваат во библиотеките во Софија, Белград, Загреб, Москва и Санктпетербург.
    До манастирот се доаѓа преку гратчето Злетово по убав асфалтен пат. На неполн километар пред Манастирот, на самиот пат има едно место - видиковец, на надморска височина од 820 метри, од каде се пружа убава глетка на околината. Се гледаат градовите Злетово и Пробиштип, како и пошироката околина.
    Ова видео е снимено на 28 август 2024 година со дрон DJI Mini 4 Pro.
    - - - - - - - - - - - - - - - - - -
    Посетете ја мојата веб страница. Таму ќе најдете интересни содржини од областа на радиотехниката, електрониката и телекомуникациите: www.qsl.net/z33t/
    Посетете го мојот друг UA-cam канал. Таму ќе најдете слични содржини од областа на радиотехниката, електрониката и телекомуникациите, како и некои видеа направени со дрон (моето второ хоби): / @milekokotov1964

КОМЕНТАРІ • 1