Никола Бадев - Заплакало е Мариово / Nikola Badev - Zaplakalo e Mariovo / Ѓорѓи Сугарев

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 28 сер 2024
  • Заплакало е Мариово, заплакало
    за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев:
    - Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш,
    леле да дојдиш,
    од душманите да нè куртулиш.
    Тогај извикна Ѓорѓи Сугарев, провикна
    од Демирхисарските балкани:
    - Еве сум народ, народ поробен, леле измачен,
    сега за скоро јас ќе дојдам.
    Сега за скоро јас ќе дојдам, леле ќе дојдам,
    со триес' одбор млади момчиња.
    Колку ми трга Ѓорѓи да врви, да врви,
    за тоа село Паралово,
    бог да ги бие шпиуните Параловци,
    Ѓорѓија што ми го предадоја.
    - Слушај бре Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев, послушај,
    ако да сакаш ти да куртулиш,
    накачи горе кај чукарите, кај манастирот,
    ако да сакаш ти да одминеш,
    накачи горе кај чукарите, кај манастирот,
    ако да сакаш ти да куртулиш.
    Тогаш се Ѓорѓи, Ѓорѓи излага, се прелага
    накачи горе кај чукарите,
    кога ќе види, што ќе види, Ѓорѓи Сугарев:
    од сите страни Ѓорѓи сардисан.
    Тогај извикна Ѓорѓи Сугарев, провикна
    на неговата верна дружина:
    - Клавајте гуњите пусии, леле пусии
    зошто се камен тешко најдува.
    Згрмеја пушки, пушки аскерски, крвави,
    сета дружина му ја избија.
    Тогај извади нагант леворвер, Ѓорѓи Сугарев
    самиот крвта си ја пролеа,
    самиот крвта си ја пролеа, Ѓорѓи Сугарев,
    жив на душмани не се предаде.
    #николабадев
    #nikolabadev
    #ѓорѓисугарев
    #gjorgisugarev

КОМЕНТАРІ • 4