Це відео не доступне.
Перепрошуємо.

Turlitavata na Mama | Hrana i Vino MKD

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 4 гру 2017
  • Преку глава Ви е да слушате како готвела мајка му на Вашиот сопруг. Сега Ви е шансата, кога ќе Ве праша што има за ручек само кажете Турлитавата на мама, и тоа твојата. И проблемот е решен, Ве очекуваат само комплименти колку сте напреднале во кујната.
    Turlitavata na Mama
    ТУРЛИТАВАТА НА МАМА
    за 4 лица
    - 500 г свинска кртина
    - 300 г тиквичка
    - 250 г модар патлиџан
    - 200 г кромид
    - 200 г лупени компири
    - 200 г брокула
    - 150 г моркови
    - 150 г ориз
    - 100 г домат
    - 70 г зелена пиперка
    - 1 чешне лук
    - 2 лажици мешан зачин К+
    - масло за јадење
    - Хималајска сол и црн пипер
    Потребно време за подготовка на ова јадење е 2, 5 часа.
    Главицата кромид покрупно ја сечкаме, а месото го сечкаме на коцки. Пиперката ја сечкаме на парчиња, морковите на кругови, а компирите на коцки. Ги пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Чешнето лук го гмечиме со алатка и го додаваме во тенџерето. Откако месото ќе обели на коцки ги сечкаме модриот патлиџан и тиквичката, и ги додаваме во тенџерето. Доматот го лупиме, го сечкаме на коцки и го додаваме во тенџерето. Брокулата ја делиме на цветови, па и нив ги додаваме во тенџерето. Потоа ги додаваме оризот и мешаниот зачин К+. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме 500 мл вода, промешуваме и откако содржината во тенџерето ќе зоврие ја ставаме во земјана тава. Попрскуваме со масло, ја покриваме тавата со капак и ја ставаме во рерна. Печеме 2 часа на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна. Од Турлитавата на мама ставаме во подлабока чинија за сервирање. Декорираме со гранче магдонос и попрскуваме со маслиново масло.
    Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
    Добар апетит
    Hrana i Vino MKD
    Subscribe for upcoming recipes:
    / @hranaivinomkd
    Follow us:
    Facebook: / hranaivino

КОМЕНТАРІ • 1