Срце на Дланка С5 Еп.08
Вставка
- Опубліковано 5 лют 2025
- Стефанија Коцева од селото Радање штипско со солзи раскажува за нејзиниот тежок живот. Доволно е само да ја погледнете во очи неа и нејзиното дете и веднаш ќе разберете колкава болка лежи во нејзиното срце. Таа не живеела лесно и пред да се омажи, но сега повеќе ја жали судбината на нејзината две годишна ќерка Софија отколку сопственото мачење и гладување.
Поради лошите услови во село Крупиште каде се омажила со сопругот Мартин, каде пет години нема струја и во две соби живеела со деверите и свекрва си, се вратила во родната куќа поради бебето, каде во една соба во која има само два кревета и телевизор, живее со малата и сопругот. Во истата соба спие и нејзината мајка. Во другите две соби спијат нејзиниот брат со попреченост, татко и чичко. Куќата е претесна за многу-члената фамилија на Стефанија.
Мартин, нејзиниот сопруг често оди во Штип или Пробиштип и бара работа за да може да донесе макар млеко и пелени за ќерка си. Иако, понекогаш минува и 15 километри пеш само да дојде до куќата на сопругата и да ја донесе скромната дневница. Некогаш ниту тоа не е доволно..За да може да оди на работа во град, мора да спие во Крупиште, па со денови е одделен од најмилите. Не ги гледа често двете, зашто од село Радање нема автобус за да оди на работа. И, тој низ солзи раскажува колку ги жали сопругата и ќерка си зашто нема можност да им обезбеди поубав живот.
Стефанија вели дека некогаш нема ниту за млеко, па моли од соседите макар 100 денари да може да и купи храна на Софија за да го помине денот. Таа вели тешко е да гледате како детето ве моли за залче леб, а вие не можете да му го обезбедите. Доколку сакате да помогнете на било каков начин на Стефанија Коцева тоа можете да го направите на нејзиниот телефон 070274172 или нејзината тарнсакциска сметка 210501759811976
Затоа, овие млади луѓе замолуваат ако може државата да им помогне или со мал социјален стан во градот или хумани луѓе да им овозможат изградба на макар две соби во селото на Мартин, Крупиште, каде има плац за изградба на нов дом во кој на Мартин би му било поблиску до работа и побезгрижно би живееле сите како семејство.
#нашетомалкунекомуможедазначисе
😂😂😂
So e smesno?