Емисија 7 - Читај бе поткаст „Младите се иднината“ со Кристијан Танчевски
Вставка
- Опубліковано 6 лис 2024
- Гостин во седмата емисија на поткастот на Читај бе наменет за младите е младиот актер од Битола, Кристијан Танчевски. Водител е Сара Трајчевска.
================================================================================
Кои се желбите на младите? Кои се нивните проблеми? Кој ги почитува и оддава признание на нивните успешни приказни? Нивните напори да го променат светот, почнувајќи од сопствениот роден град за да го направат поубаво место за живеење. Место со перспектива, место во кое царува надежта, визијата, квалитетот, одговорноста кон идните генерации, но и залогот на оние заради кои сме тука каде што сме…
Краткиот документарен филм „Младите се иднината“ кој го реализираше Читај бе заедно со Креатив продукција и Здружението БСМ само ја начна темата за младите кои го напуштаат својот роден град, ги пакуваат куферите и ги бркаат своите соништа илјадници километри подалеку од дома.
Тој глас на младите НИЕ сакаме да го слушнеме. А тоа ќе го направиме преку ПОТКАСТ на Читај бе. Секоја среда, го слушаме и го пренесуваме нивниот глас за подобро утре, затоа што МЛАДИТЕ СЕ ИДНИНАТА.
www.citaj.be