Мугер Фугер и Горан Трајкоски - PATER URBIS

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 6 тра 2018
  • PATER URBIS
    ---------------
    Нели ти здодеа
    да бидеш сам на бродот,
    притиснат в теснец син,
    в затвор без ниеден ѕид?
    Со празна насмевка, очи раширени,
    кренати раце и намери скриени,
    во тајни долапи,
    во темни одаи.
    Твојата страсност е незадоволива,
    пррострелни рани на главата сокриваш,
    од празнословија.
    Не ли ти здодеа
    да бидеш сам на врвот,
    потиснат в облак сив,
    в затвор без ниеден ѕид?
    Со тажна насмевка, очи затворени,
    со полни раце-намери отворени,
    за јавни пофалби,
    усти отворени.
    Твојата радост е неизглаголива,
    тајни препораки во џебот сокриваш.
    Застани еден миг!
    За во историја...
    Каква мајсторија од праисторија?!
    Нели ти здодеа,
    да лежиш сам на подот-
    накиснат блуден син,
    надвор од секаков филм?
    Не ли ти здодеа
    да пиеш сам на врвот
    со очи крвави
    пред народ побеснет див?
    Со што би го покрил срамот на овој миг?
    Благо сфумато? Валкан ли објектив?
    Кај би се сокрил пред да се остетиш
    смрзнат к’о поглед, длабок непрониклив?

КОМЕНТАРІ • 2