Лични асистенти, срце полно љубов | Наши приказни

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 14 жов 2024
  • Новата учебна година за сите ученици во основните и средните училишта во државата започнува на 2 септември, но оваа година за жал беше поразлична од другите, дел од децата не може да ја следат наставата бидејќи имаше проблеми со договорите на над 800 образовни асистенти за кои Министерството за образование и наука задоцни да им ги продолжи договорите.
    Личните асистенти кои во Скопје ги ангажира општина Центар од самиот старт на учебната година веќе започнаа да им помагаат на учениците кои имаат посебни образовни потреби.
    Образовните асистенти годинава подоцна влегуваат во училиштата, некои родители се’ уште чекаат да поминат и вторите огласи на ресурсните центри за да добијат поддршка за своето дете со атипичен развој, додека самите асистенти засега остануваат со договори на определено време.
    Но, асистентите се само парче од инклузивниот мозаик во Македонија.

КОМЕНТАРІ •