МОШТЕНСКИ СОБОР „Куд Илинден Битола“

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 16 січ 2025
  • „Куд Илинден, Битола“ ќе одбележи 60 години од своето постоење. Ова друштво шест децении е чувар на традицијата и амбасадор на битолската и Македонската култура и традиција ширум светот. Својот јубилеј ќе го прослави со новата сценска адаптација „Охридски староградски игри“, а програмата ќе ја збогаат и музичката група Фонтана и Виолета Томовска , кои и самите биле членови на овој ансамбл.
    Јубилејниот концерт 60 години од своето постоење КУД Илинден Битола ќе го прослави внедела на 20 декември со почеток во 19 часот во големата сала на Центарот за култура Битола. Ова денеска го соопшти раководството на ова друштво кое шест децении е чувар на традицијата и амбасадор на битолската и македонската култура и традиција ширум светот. Почетоците на ансамблот датираат од далечната 1955 година кога го добива називот КУД Илинден, на кое му претходат уште седум години работа на фолклорна група на тогашниот младински актив во Битола , информираше претседателот Анонијо Димитровски.
    Во текот на постоењето на КУД Илинден членувале илјадници членови. Многу мина од нив денес се совесни и успешни граѓани во Македонија и надвор од нејзините граници. На сцената одиграни се бројни настапи со многу автентични и обработени фолклорни содржини. Многу од нив се и наградувани на бројни фестивали како во државата така и на меѓународни фестивали. Како што велат од ова друштво се работи стручно и квалитетно негувајќи го македонското духовно и материјално културно богатсво.
    На свечениот концерт ќе настапат и музичката група Фонтана како и Виолета Томовска кои некогаш и самите биле дел од ова културно уметничко друштво и ја негувале нашата култура и традиција.

КОМЕНТАРІ • 3

  • @elicajakimova1627
    @elicajakimova1627 3 роки тому

    Бравооо!!!!👏❤️🌞🇲🇰🌹

  • @tuncayilgaz3977
    @tuncayilgaz3977 3 роки тому

    ıgrı name that starting at 30th second pls? awsome..

  • @igorvejacevski288
    @igorvejacevski288 4 роки тому +1

    Gordost nasa Makedonska.
    Pozdrav od selo Jabuka kaj Pancevo Srbija