Песен за Арсо Войвода

Поділитися
Вставка
  • Опубліковано 19 вер 2014
  • Загрмел Гољак, заплакал,
    заросил роса крвава.
    Заросил роса крвава,
    заради Арсо војвода.
    Каде се чуло, видело
    сестра да брата предаде?
    Станала рано в' недела,
    отишла в' село Другово.
    - Друговци, деца цареви,
    ако го Арса барате,
    Арсо е в' Подвис на гости
    со својта верна дружина.
    На две-три куќи на конак,
    кај Спира и кај Томета.
    Кај Спира има пет мина,
    а кај Томета шест мина.
    Станале пусти Друговци,
    отишле долу в' Кичево,
    дигнале силна потера,
    селото го сардисале.
    Догледа Арсо војвода,
    затегна пушка малихер.
    Прва ми пушка што пукна,
    јузбашијата ми падна.
    Втора ми пушка што пукна,
    баш чауш од коња падна.
    Треќата пушка што пукна,
    падна ми Арсо војвода.

КОМЕНТАРІ •