Оздола идат сејмени
Вставка
- Опубліковано 10 лип 2014
- Оздола идат, мамо, сејмени,
сејменска песна, мамо, пееја,
од јунака глава, мамо, носеја,
а главата на стап, мамо, наврена.
Главата, мила мамо, личеше
како на брата ми, мамо, Јована -
на лице дамка, мамо, имаше,
а на мене срце, мамо, гореше.
Млади кумита, ќерко, излезе,
на петнаесет, ќерко, години;
мајка му се милно, чедо, молеше -
Не оди, сине, горе в планина,
не знаеш пушка, чедо, да држиш,
не знаеш глава, сине, да чуваш.
...Пушти ме, мила мамо, да идам,
Турчинот да го, мамо, истерам -
девојки, невести, мамо, потурчи,
а млади момчиња, мамо, поништи.